Ayşe Doğru
17 Јули 2019•Ажурирај: 18 Јули 2019
АНКАРА
Во Мумбај, главниот град на индиската држава Махараштра, се урна 4-катница. Во оваа несреќа животот го загубија 14 лица, а 9-мина се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави телевизискиот канал NDTV, во подрачјето Донгри, кое потпаѓа под областа Мумбај, вчера се урнала четирикатна зграда, стара најмалку 100 години. Од под урнатините на зградата извлечени се телата на 14 лица.
Екипите на Противпожарната служба и Националните сили за интервенции при катастрофи успеаја од урнатините да спасат 9 лица.
Се претпоставува дека под урнатините на зградата сè уште има околу 20 лица.
Во улицата во која се наоѓа урнатата зграда, противпожарните екипи од безбедносни причини ги евакуираа и станарите од соседните згради.
Припадниците на Националните сили за интервенции при катастрофи продолжуваат со акцијата за извлекување на преостанатите станари од урнатата четирикатница.
Во Мумбај, кој е еден од најгусто населените градови во светот, еден од основните проблеми е безбедноста на зградите.