Tufan Aktaş
23 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АДИС АБЕБА (АА) – Во Етиопија вчера, во обидот за пуч врз локалната власт во Амхара, убиени се началникот на Генералштабот, Сеаре Меконен и челникот на провинцијата Амхара, Амбачхев Меконен, пренесува Anadolu Agency (AA).
- Обидот за пуч врз локалната власт во Етиопија ставен под контрола
Секретарот на прес-службата на Владата, Нигасу Тилахун, во својата изјава рече дека неколку часа по обидот за пуч, началникот на Генералштабот, Сеаре Меконен, бил убиен во својот дом, во главниот град Адис Абеба од страна на неговите телохранители.
Тилахун, истакнувајќи дека за време на обидот за пуч, убиени се челникот на провинцијата Амхара, Амбачхев Меконен и некои негови блиски соработници, повтори дека обидот за пуч е ставен под контрола.
Истакнувајќи дека целта на обидот за пуч и атентатот во земјата е да започне граѓанска војна, Тилахун нагласи дека голем број лица кои се обиделе да извршат пуч се притворени.
„Според добиените првични информации, обидот за пуч е направен од страна на шефот за безбедност на државата, Асамине Циге и неговите поддржувачи“, истакна Тилахун.
Административната структура на Сојузната Демократска Република Етиопија е формирана од девет различни провинции организирани според етничките групи, а исто така и од два различни управни града како што се Адис Абеба и Дире Дава.
Од друга страна, привлече внимание тоа што вчерашниот обид за пуч се совпаѓа со датумот кога минатата година имаше обид за убиство на премиерот Абиј Ахмед.