Adsız Günebakan
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ГАЗИАНТЕП (АА) - АДСИЗ ГУНЕБАКАН –
Во исказот на сирискиот терорист, идентификуван како Х. М., даден во рамките на истрагата против терористичката ПКК/ЈПГ, водена во Газиантеп, уште еднаш се обелодени врската на САД со терористичката организација ПКК/ЈПГ, јавува Anadolu Agency (AA).
Сирискиот терорист Х. М., за кого се води постапка од страна на 9. Висок кривичен суд во Газиантеп, за членство во вооружената терористичка организација ПЈД/ЈПГ, огранок на ПКК/КЏК во Сирија, сведочеше пред судот.
Во својот исказ, терористот идентификуван како Х. М. истакнал дека пред околу шест години дошол во Турција, но поради болеста на татко му кој живеел во Алепо, повторно се вратил во Сирија. Таму останал два месеца, потоа заминал во селото Пендир, кое се наоѓа во близина на Ајнулараб (Кобани).
Изјавувајќи дека терористите на ПКК/ЈПГ го запреле на пат и насилно го однеле во кампот на терористичката организација, Х. М. нагласи:
„Таму нѐ пречека лицето со кодно име „Амед“, задолжен за тимот во којшто се наоѓав и јас. Мене ми го даде кодното име „Ериш“. Имавме 40-дневна вооружена и идеолошка обука. Во текот на обуката зборуваа за тоа дека ќе формираат курдска држава која ќе биде составена од четири дела. Кога зборуваа за четири дела, мислеа на делови од Турција, Сирија, Ирак и Иран. Во однос на ПКК и ЈПГ кажуваа ’Имињата се различни, но целта е иста‘. Лидер и на двете организации е Абдулах Оџалан.“
Според исказот на Х. М., во текот на обуката, исто така, им кажувале дека се наоѓаат во Демократските сили на Сирија.
- Обуката за тешки оружја спроведена од САД
Терористот Х. М., во својот исказ, наведувајќи дека по таа обука бил однесен во друг камп, рече:
„Во времето кога бев во редовите на ЈПГ, оружјето, бомбите, ракетите, муницијата, храната и облеката доаѓаа со возила. Кога бев во Шијок, американските војници за нас спроведоа 15-дневна обука за користење на калашников, митралез бикси, ракетен фрлач. Американските војници, на оние што завршуваа со обуката, им доделуваа нов калашников. Кога јас се обучував, бевме 150 лица. Тие што завршија со обуката беа поделени во групи со 30 лица. На секоја група ѝ беа доделени по 2 митралеза бикси, 2 ракетни фрлачи, 30 калашникови, муниција за нив и пикап возило. Меѓу нив, колку што знам, имаше петмина Американци и 15 припадници на ЈПГ.“
Терористот, истакнувајќи дека по завршувањето на обуката биле испратени на стража на спротивната страна од Џераблус, на реката Еуфрат, додаде: „Ни велеа ’Кога ќе дојдат извиднички авиони, пукајте!‘ ЈПГ има беспилотни летала и летаа за да нѐ контролираат нас. Нас нѐ информираа кога летаа нивните беспилотни летала.“
Х. М., истакна дека откако го видел валканото лице на терористичката организација, при првата можност, избегал, и дека бил приведен од страна на безбедносните сили на Турција.
Х. М., исто така, во својот исказ нагласи дека жали бидејќи насилно бил член на терористичката организација во Сирија.