Fuat Kabakcı
03 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Болницата изградена за 10 дена за новиот вид на коронавирусот (2910-nCoV) во Вухан, Кина, е пуштена во употреба, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на кинеската Централна телевизија, болницата со 1.000 кревети специјално изградена за пациентите со коронавирус, е дизајнирана да биде иста како болницата изградена во Пекинг во 2003 година, за силниот акутен респираторен синдром (САРС).
Во двокатната болница, изградена со тим од 7 илјади луѓе од различни професии, на површина од 50 илјади квадратни метри има 30 единици за интензивна нега.
Изградбата на болницата од 1.500 кревети во Вухан, која беше најавена дека ќе заврши за две недели, продолжува.
Вчера со осум авиони од четири града во земјата во болницата се донесени 1.400 воени здравствени работници.
- Епидемијата на новиот вид коронавирус -
Кинеската Национална комисија за здравство наведува дека од новиот вид коронавирус досега починале 361 лице, а 17.205 лица се заразени.
Вирусот за првпат е откриен на 12 декември 2019 година во градот Вухан, кинеската покраина Хубеи. Здравствената комисија на Општина Вухан на 31 декември 2019 година соопшти дека кај 27 лица кои имале контакт со пазарот за морска храна „Хуанан“ е откриена „мистериозна“ болест и дека пазарот е затворен.