Fuat Kabakcı
29 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ПЕКИНГ
Во југозападниот дел на Кина, во провинцијата Гуејџој се случи несреќа откако се урна паркинг во изградба. Во несреќата животот го загубија 8 работници, а двајца се повредени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави агенцијата „Синхуа“, во подрачјето Гуишанху на градот Гуејанг, во провинцијата Гуејџој, се урнал подземен паркинг во изградба.
Во моментот на несреќата, на градилиштето работеле 14 работници, од кои 10 останале под урнатините. По спроведената спасувачка операција, под урнатините повредени се извлечени двајца работници, а пронајдени се и безживотните тела на 8 работници.
Локалните власти започнаа истрага за откривање на причините за несреќата на градилиштето.