Mahmut Geldi
04 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
БЕЈРУТ (АА) - Во Либан во последните 24 часа поради економската криза и покачените животни трошоци во земјата самоубиство извршија четири лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од економски причини, денес две лица извршиле самоубиство, едно лице од главниот град Бејрут, а другото лице во јужниот град Сур, пишуваат локалните медиуми во Либан.
Граѓанинот Халид Јусуф, жител на градот Сур, се самоубил со пиштол, поради разочараност од покачените животни трошоци предизвикани од тековната криза. Другото лице во Бејрут починало скокајќи од балконот на неговата куќа.
Вчера, исто така, двајца Либанци од Бејрут и јужниот град Сајда, си го одзеле животот поради економски причини.
Либан ја доживува најголемата криза од Граѓанската војна во 1975-1990 година, а локалната валута, либанската лира, ја губи својата вредност.