Furkan Güldemir
04 Јули 2017•Ажурирај: 04 Јули 2017
БЕЈРУТ (АА) - Во пожарот што избувна во бегалски камп во којшто се сместени бегалци од Сирија, според првичните информации, животот го загубило едно дете, а шест лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во источниот дел на Либан се наоѓа долината Бека, во којашто се подигнати бегалски кампови за Сиријците. Според локалните извори, по пожарот што се случи во неделата, утрово повторно избувна пожар во бегалски камп кој се наоѓа во подрачјето на Дејр Зенун.
Во пожарот загина едно дете, а 6 лица се затруени од чадот. Либанските медиуми објавија вест во којашто се вели дека во пожарот сосема изгореле 22 од 185 шатори во овој бегалски камп.
Засега нема информации за причината за избувнувањето на пожарот. Со цел да не дојде до проширување на пожарот, на местото на несреќата се испратени голем број противпожарни возила и екипи на брзата помош, а од кампот се евакуирани околу 700 бегалци.
И во неделата на истото подрачје избувна пожар во којшто, според официјалните информации, животот го загуби едно дете, а поголем број лица беа повредени. Локалните извори информираат дека бројот на загинатите изнесува четири лица.
Жителите на кампот изјавуваат дека причина за пожарот е топлото време и лошите услови за живот во кампот, додека одговорните изјавија дека пожарот е предизвикан од електричен извор.
Според либанските извори, во земјата се наоѓаат 1,5 милиони сириски бегалци, но Обединетите нации (ОН) инфирмираа дека во Либан има околу милион бегалци.
Според податоците на ОН, 34 отсто од сиријските бегалци во Либан живеат во неколкуте кампови подигнати во долината Бека. Условите за живот во овие кампови се многу тешки и во нив често се случуваат пожари предизвикани од шпорети и печки кои се на нафта.