Mehmet Özay,Gamze Türkoğlu Oğuz
27 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Малезија, каде што завчера султан Мухамед V официјално ја презеде својата функција, според државното уредување е „Федерален султанат“, кој не се среќава на ниту едно друго место во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јанг ди-Пертуан Агонг (врховен владетел на Малезија) ја предводи државата и истовремено е нејзин верски лидер во монархијата, која е раководена од федерална уставна монархија и е позната по својата парламентарна демократија.
Малезија е една од 43 монархии во светот, и е опишувана како монархија во којашто владее систем на „Федерален султанат“.

Во 1957 година, Малезија ја објави својата независност. Оттогаш досега, според член 38 од Уставот на монархијата, на Конференцијата на султаните, на секои 5 години со тајно гласање се избира султан од страна на претставници на деветте држави кои се раководени од автономни династии. При изборот на султанот се води сметка за возраста и за воспоставените правила.
Системот на периодичен федерален султанат на Малезија не е забележан во друга држава. Кандидатот на династијата за федерален султан мора да биде припадник на муслиманските сунити и да е од машки род.
Државите Џохор, Кедах, Келантан, Негери Сембилан, Паханг, Перак, Перлис, Селангор и Теренгану се управувани од самостојни династии. Гувернерите на провинциите Малака, Пенанг, Сабах и Саравак се именуваат од страна на врховниот владетел и тие не учествуваат во изборот на султанот на монархијата. Главниот град Куала Лумпур и градот Путраџаја, заедно со островот Лабуан имаат статус на подрачје со федерално раководење.
Законодавната власт во монархијата е поделена меѓу федералното и државното собрание. Федералната законодавна власт е составена од две крила на федералниот парламент и владата.
Федералниот парламент го сочинуваат Сенатот (Совет Негара) и Народниот парламент (Совет Ракјат). За озаконување на еден нацрт-закон, потребно е тој да биде одобрен од двете крила на федералниот парламент, а потоа да биде прифатен од страна на владата. Сенатот во Малезија се состои од 70 члена, од кои 26 пратеници се избрани од државните собранија, додека 44 пратеници ги избира врховниот владетел.
Народното собрание е составено од 222 члена кои се избираат на секои 5 години. Врховниот владетел има право во секое време, по препорака на премиерот да го распушти Федералниот парламент. По распуштањето на парламентот, потребно е да се распишат нови извори во рок од 3 месеци.
Федералната влада е надлежна за меѓународните односи, одбрана, внатрешна безбедност, граѓанскиот законик и кривичниот законик, државјанство, финасии, индустрија, здравство и образование, како и за други теми. Тринаесет држави од кои се состои монархијата имаат сопствени устави коишто се во согласност со федералниот Устав.
Членовите на кабинетот се избираат од двете крила на Федералниот парламент, а премиерот се избира од страна на врховниот владетел.
Покрај цивилните закони во монархијата, важат и законите на шеријатот. Шеријатските закони се спроведуваат над муслиманите во монархијата.
Новоизбраниот султан на Малезија, Мухамед V е од династијата Келантан и е на 47-годишна возраст. Султанот Мухамед V дипломирал во 1991 година, на универзитетот Оксфорд во Британија. На Султанската конференција што се одржа на 13 декември минатата година, тој беше избран за 15. федерален султан на Малезија.