Ahmet Karaahmet,Mehmet Burak Karacaoğlu
21 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
ИДЛИБ
Двајца цивили загинаа во нападот извршен во сирискиот град Идлиб од страна на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Силите на режимот со оружја кои вршат гаѓања од копно на копно извршија напад во местото Фатира кое се наоѓа во рамки на границите на зоната за деескалација во Идлиб.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од локалните извори, во нападите на Асадовиот режим извршени во Фатира загинаа двајца цивили.
Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран продолжуваат со позиционирање на војници во околината на Идлиб.
Во овие рамки, силите на режимот во последните три месеци на линијата на фронтот во Идлиб позиционираа над 2.000 вооружени елементи со нивните тешки оружја.