Ekip
21 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
ЊУ ДЕЛХИ
Властите во Индија осмислија игра со цел да ја зголемат свеста на граѓаните примерно да се однесуваат во околностите на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Харш Вардхан, министер за здравство, осмисли интерактивна игра, прва од таков вид, под називот „Корона фајтерс“ (Corona Fighters), која со својата содржина ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките во борбата против Ковид-19.
„Играта претставува нов и исклучително креативен начин да ги научите луѓето на правила и однесување во борбата против пандемијата на Ковид-19“, рече Вардхан.
Истакна дека играта е осмислена на начин да влијае на потезите на играчите во реалниот свет, потсетувајќи дека треба да преземат мерки на претпазливост за да ја избегнат инфекцијата.
„Ова, со две промотивни видеа, е многу едноставно дизајниран и угоден медиум со кој пренесувате сериозна порака на пошироката јавност. Додека не добиеме вакцина во борбата против Ковид-19, однесувањето против болеста ќе послужи како моќна социјална вакцина“, рече Вардхан.
Во Индија од почетокот на пандемијата бројката на заразени достигна над 2,9 милиони, од кои 54.849 починаа.