Talha Yavuz
03 Април 2021•Ажурирај: 04 Април 2021
КИЕВ (АА) - Како резултат на отворениот оган од страна на проруските сепаратисти во подрачјето на Донбас, што се наоѓа во источниот дел на Украина, повредени се двајца украински војници и еден цивил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврдија Вооружените сили на Украина.
Во соопштението се вели дека проруските сепаратисти вчера 21 пат го прекршиле примирјето.
Се истакнува дека сепаратистите извршиле напад во местата Золоте, Новоолександривка, Свитлодарск, Пишчевик, Краснохоривка и во други места што се наоѓаат во Донбас.
Според соопштението, како резултат на отворениот оган се повредени двајца војници од украинската Војска и еден цивил.
Во соопштението се наведува дека претставниците на ОБСЕ се информирани за случајот.