Yusuf Özcan
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
ПАРИЗ - Во нападот со нож извршен во францускиот град Ница, животот го загубија 3 лица, а голем број се ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Француските власти соопштија дека напад со нож е извршен во близина на катедралата „Нотр Дам“ во градот Ница.
Во соопштението се наведува дека во нападот животот го загубиле 3 лица, а голем број се ранети.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, преку својот профил на социјалните мрежи објави дека напаѓачот е фатен.
Министерот за внатрешни работи, Жерар Дарманин, на социјалната мрежа Твитер напиша дека по средбата со Естроси, во Министерството одржале „кризен состанок“ во врска со нападот.
Обвинителството на Франција за борба против тероризмот информира дека е започната истрага во врска со нападот.
На местото на нападот ќе пристигне и претседателот Емануел Макрон.
Во Националниот парламент на Франција се одржа едноминитен молк во чест на починатите во нападот.