Emel Öz Gözellik
16 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во Норвешка, на половина метар под земјата, е откриен брод кој датира од времето на викинзите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на интернет-страницата на „Live Science“, во југоисточниот дел на Норвешка, археолозите, скенирајќи ја земјата со помош на радар со висока разолуција, под земјата откриле викиншки брод долг 20 метри.
Институтот за истражување на културното наследство на Норвешка (NIKU) објави дека археолозите од Осфолд извршиле скенирање на теренот со помош на радар, при што на длабочина од половина метар откриле викиншки гробишта, а во еден дел од гробиштата пронашле и погребан викиншки брод.
Археологот Ларс Густавсен кој е водач на проектот, изјави дека во времето на викинзите, во еден дел од гробиштата се погребувале и бродовите, со цел да се покажат моќта и угледот. Густавсен информира дека навидум ’рбетот на бродот е добро сочуван.
Институтот информираше дека засега нема да се прават ископувања.
Викинзите живееле во северниот дел на Европа и во скандинавските земји во периодот меѓу 800 и 1050 година.