Ekipa
21 Март 2025•Ажурирај: 23 Март 2025
ОСЛО (АА) - Во Осло, главниот град на Норвешка, се одржаа пропалестински демонстрации со цел да се изрази поддршка за Појасот Газа и да се повика норвешката Влада да ја прекине трговијата со оружје со Израел, јавува Анадолу.
Веејќи палестински и норвешки знамиња, демонстрантите маршираа низ улиците извикувајќи „Free Palestine“ и носејќи транспаренти со различни пораки.
Над 700 Палестинци се убиени, а повеќе од 900 се повредени во ненадејното продолжување на воздушната кампања на Израел врз Газа од вторникот, со што е прекршен договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари.
Убиени се речиси 50.000 Палестинци, главно жени и деца, а над 112.000 се повредени во бруталните напади на израелската војска врз Газа од октомври 2023 година.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.