Mücahit Oktay
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ЊУЈОРК
Најмалку 14 лица се ранети во нападот во американскиот Чикаго, јавува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу повредените, девет се во тешка здравствена состојба. Од полицијата Чикаго потврдено е дека оружениот напад се случил во тек на погреб.
Американските и странските медиуми наведуваат дека е уапсено едно лице кое се доведува во врска со овој напад.
Според очевидците, во пресметката е користено разно огнено оружје и ситуацијата потсетувала на војна.
Во нападите во Чикаго, изведени за само еден викенд во текот на минатиот месец, загинаа најмалку 14, а ранети се 90 лица.
Чикаго се повеќе станува еден од градовите со највеќе насилство во САД.
Според вестите на „Њујорк Тајмс", објавени на 5 јули, повикувајќи се на податоците на полицијата од Чикаго, во тој град од почетокот на годината до 2 јули загинале најмалку 336 лица.
Во Њујрк, кој три пати е повеќе населен од Чикаго, до крајот на јуни во нападите загинале 176 лица.