Mustafa Deveci
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ИСЛАМАБАД (АА) - Извештајот на пакистанскиот Институт за истражување на мирот (PIPS) покажува дека во таа земја во 2017 година биле извршени 16 отсто помалку терористички напади во однос на претходната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот на Институтот покажува дека во 2017 година извршени се 370 терористички напади, од кои 24 самоубиствени. Во нападите загинале 815 лица, а 736 се повредени.
Во Пакистан, во 2016 година извршени се 441 терористички напад во кој загинале 908 лица.
Се додава дека најголемата закана за безбедноста на земјата претставуваат пакистанските талибанци, кои извршиле околу 58 отсто од терористичките напади.
Голема закана претставуваат и припадниците на терористичката организација ДЕАШ, кои минатата година презеле одговорност за осум напади во кои загинаа 153 лица.