Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Септември 2017•Ажурирај: 15 Септември 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Во пожар што избувна во интернатот на едно верско училиште во Куала Лумпур, животот го загубија 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници соопштија дека во трикатната зграда којашто се наоѓа надвор од градот, синоќа избувнал пожар што бил згаснат за еден час, но поради железните решетки на прозорците и соѕиданите излези, во пожарот загинаа 22 машки ученици и двајца наставници.
Шефот на полицијата на Куала Лумпур изјави дека загинатите момчиња се на возраст од 13 до 17 години.
Се претпоставува дека причината за пожарот е краток спој во електричната инсталација. Од пожарот што го зафати интернатот на верското училиште, спасени се 14 ученици и 4 наставници, од кои 6 лица се префрлени во болница.
Во малезиската сојузна држава Кедах, во 1989 година избувна пожар во едно приватно верско училиште, при што животот го загубија 27 ученички.