Elvir Hocic
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
СОХАЧЕВ (АА) - Љубителите на фиатовиот модел 126, популарно наречен „пеглица“ во Полска, се обидоа да го соборат Гинисовиот рекорд на 14. фестивал посветен на овој автомобил, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот се одржува во Сохачев, а сопственици од цела Европа буквално ги преплавија улиците со префинетите и незаборавни модели на Фиат (Fiat).

Организаторите соопштија дека во дефилето низ градот учествуваа 417 некогаш многу популарните „пеглици“, а надлежната комисија допрва треба да утврди дали се работи за Гинисов рекорд.
Иако имаше добар маркетинг, „Fiat 126“ никогаш не доживеа популарност на својот претходник, моделот „Fiat 500“. Се проценува дека во Италија, Полска и во поранешна Југославија вкупно се произведени околу пет милиони „пеглици“ кои и денес ги освојуваат срцата на љубителите на префинети олдтајмери.