Atila Altuntaş
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Едно лице изврши оружен напад на забава во шведскиот град Малме, при што се повредени три лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Микаел Нилсон, од полициската дирекција во Малме, соопшти дека настанала тепачка на забава на улицата Јистадваген, при што оружено лице ранил тројца присутни.
Нилсон информираше дека на забавата присуствувале околу 70 лица. Тој додаде дека две лица од ранетите се во тешка состојба.
Според локалните медиуми, напаѓачот дошол да го убие лицето кое го нападнало неговиот брат.
Според соопштеното, започната е опсежна истрага за пронаоѓање на напаѓачот.