Mahmut Atanur
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
ЏАКАРТА (АА) - Триесет и осум лица загинаа додека 11 лица се водат како исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови во индонезиската покраина Јужен Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на весникот „Компас“, откриени се уште 13 тела во акциите за пребарување и спасување по поплавите кои се случија минатата недела во подрачјето на Северен Луву во Јужен Сулавеси.
Властите нагласија дека досега во поплавите загинале вкупно 38 лица, додека моментално 11 лица се водат за исчезнати.
Над 50.000 лица се погодени од поплавите, а оштетени се девет училишта, 13 места за богослужба и 4.202 домови.
Продолжуваат операциите за пребарување и спасување.