Adam Abu-bashal
17 Октомври 2020•Ажурирај: 18 Октомври 2020
АБУЏА
Во поплавите предизвикани од поројните дождови во Нигерија загинаа 185 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Салех Џили од Агенцијата за управување со итни состојби на Нигерија, во изјава за медиумите истакна дека како резултат на поплавите, 30.356 лица се раселени, а дека земјоделско земјиште од 9.127 хектари останало под вода.
Џили нагласи дека Владата започнала работа за испраќање хуманитарна помош за погодените од поплавите? земјотресот.
Во поплавите од август досега загинаа 185 лица.
Илјадници лица останаа без покрив над глава поради поплавите.
Дождовите што во Западна Африка почнуваат да паѓаат во јуни, траат до септември.