Mehmet Şah Yılmaz
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Јужна Кореја беше цел на напад четири дена пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Напаѓач со автомобил удри во влезот на американската Амбасада во центарот на Сеул, а потоа се обиде да запали плинска боца со бутан.
Јужнокорејските медиуми јавуваат дека напаѓачот Парк Мо (40) е уапсен со брза интервенција на обезбедувањето и полицијата, и така е спречен поголем инцидент.
Во нападот нема повредени лица, а во тек е истрага за мотивите за нападот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, по учеството на Самитот на лидерите на земјите од групата Г-20, од јапонскиот град Осака ќе допатува во официјална посета на Сеул.