Bilgin S. Şaşmaz
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ЧИКАГО (АА) - Во Чикаго синоќа беше затворен саемот „Wizard World Comic Con“, кој се смета за еден од најживописните во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Се одржува од 1972 година, а и оваа година беше сместен во конгресниот центар „Доналд Е. Стивенс“.

Манифестацијата ја посетија неколку илјади љубители на кинематографијата, на стриповите и научната фантастика.

Учесниците, но и посетителите, за време на програмите што траеја четири дена, ја искористија можноста да покажат интересни костими и шминка.
Отворени се и штандови на кои се претставени стрипови, анимации, видеоигри и други видови на забава.