Ekrem Biçeroğlu
08 Јануари 2022•Ажурирај: 11 Јануари 2022
Шеснаесет лица загинаа, додека 18 лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи во источниот дел на Египет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Египет.
Се истакнува дека два автобуса се судриле на автопатот меѓу градовите Суец и Синај.
Според соопштеното, во несреќата загинале 16, а повредени се 18 лица.
Повредените лица се пренесени во болница.