Mahmut Atanur
20 Ноември 2018•Ажурирај: 21 Ноември 2018
ЏАКАРТА (АА) – Во индонезискиот регион Сулавеси во стомакот на мртов кит пронајдени се околу 6 килограми отпад, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за животна средина и шумарство на Индонезија се истакнува дека на островот Капоте во регионот Вакатоби, пронајден е починат кит од видот Кашалот, долг 9,5 метри, чие тело почнало да скапува.
Експертите, од стомакот на китот извадиле вкупно 6 килограми отпад составен од 115 пластични чаши, 4 пластични шишиња, 25 најлонски кеси, 2 влечки и разни јажиња и вреќи.
Одговорните лица од Светскиот фонд за заштита на природата (WWF), кои го испитуваа китот, изјавија дека поради скапувањето на китот не се во можност да утврдат дали отпадот бил причина за неговата смрт.
По спроведените испитувања, се очекува денеска китот да биде погребан на подрачјето на плажата „Коловава“.