Ömer Faruk Yıldız
08 Февруари 2019•Ажурирај: 09 Февруари 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Кит ајкула, кој проголтал пластична кеса, починал поради потешкотии во неговиот дигестивен тракт (системот за варење), на отворено море во северниот дел на Малезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Телото на починатиот кит ајкула го пронашле нуркачите на дното од морето, на отворено море на подрачјето на малезиската сојузна држава Сабах, по што го однеле до Одделението за дивиот свет.
Официјалните претставници информираа дека во стомакот на китот ајкула е пронајдена пластична кеса, којашто се користи во супермаркетите, поради што китот добил опструкција на цревата, проблеми во дигестивниот тракт и починал од глад.
Властите соопштија дека китот ајкула се наоѓа под заштита во рамките на декретот за заштита на природната средина, посочувајќи на опасноста што употребата на пластичните кеси ја претставува за живиот свет во морињата.