Onur Usta
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
КОНАКРИ (АА) - Во Конакри, главниот град на Гвинеја, се урна депонија со смет, при што загинаа пет лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението што го објави Владата на Гвинеја, во предградието Ратома во главниот град Конкари се урна депонија со смет врз местата каде што живеат собирачите на смет. Несреќата е предизвикана од поројните дождови што го зафатија подрачјето, а во неа животот го загубија 5 лица.
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од локални извори, под купиштата смет сѐ уште има тела на настрадани лица.
Се истакнува дека претседателот на Гвинеја, Алфа Конде, го посети местото на несреќата и на семејствата на починатите им изрази сочувство.