Bahtiyar Abdülkerimov
23 Јуни 2021•Ажурирај: 24 Јуни 2021
ТАШКЕНТ (АА) - Бегајќи од напад на талибанците, 134 авганистански војници ја преминале границата на Авганистан и се засолниле во Таџикистан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Државниот комитет за национална безбедност на Таџикистан соопшти дека е забележана тензична ситуација на границата поради нападот на талибанците на граничниот премин „Ширхан“ на таџикистанско-авганистанската граница во авганистанската покраина Кундуз.
Во соопштението, наведувајќи дека 134 војници од авганистанските владини сили, бегајќи од нападот на талибанците, преминале во Таџикистан, се вели: „Таџикистанските граничари, во согласност со принципите на хуманост и добрососедство, им дозволија на авганистанските војници да ја преминат границата и да влезат на територијата на Таџикистан без никакви пречки.“
Во продолжение на соопштението се вели дека меѓу авганистанските војници што ја преминале границата има 4 ранети.
Караулата „Ширхан“, која е важна трговска и транзитна точка меѓу Таџикистан и Авганистан, преку која поминува увозот на Таџикистан од Јужна и Југоисточна Азија, вклучувајќи ги и Пакистан и Иран, се наоѓа на границата меѓу округот Панџ во таџикистанскиот регион Хатлон и областа Имам Сахиб во авганистанската покраина Кундуз.
Авганистанските власти вчера објавија дека по нападот на талибанците, граничниот премин „Ширхан“ паднал под контрола на милитантите, а дека безбедносните сили целосно ја напуштиле областа.