Ekipa
24 Декември 2017•Ажурирај: 25 Декември 2017
КУДС (АА) - Илјадници Израелци веќе четврта недела по ред се собираат на улиците на Тел Авив и бараат од премиерот Бенјамин Нетанјаху да поднесе оставка поради наводна корупција. По истиот повод по првпат се собраа и неколку стотици лица во Кудс (Ерусалим), јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската полиција соопшти дека неколку илјади лица се собрале во центарот на Тел Авив на протести против премиерот. Уште неколку стотици присуствувале на десничарскиот антикорупциски митинг во Кудс, на кој говореше поранешниот израелски министер за одбрана, Моше Јалон.
Демонстрантите во Кудс носеа транспаренти на кои пишуваше „Ни десно, ни лево, само право“.
Полицијата до сега најмалку седумпати го испрашуваше Нетанјаху поради неговата поврзаност со наводите за корупција. Се сомничи за мито, измама и злоупотреба на позицијата. Нетанјаху ги негираше сите обвиненија.