Mohamed Sabry Emam Muhammed
06 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
ТУНИС (AA) - Во Тунис денес се одржуваат парламентарни избори, втори од Арапската пролет во 2011 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласачките места се отворени во осум часот по локално време, а ќе бидат затворени во 18 часот.
Околу 7,1 милиони гласачи ќе бираат 217 членови на Парламентот.
Државјаните на Тунис ќе гласаат во 33 изборни единици, од нив 27 се во земјата, а шест во странство.
Се очекува дека Врховната изборна комисија надлежна за изборниот процес во Тунис ќе ги објави резултатите на 9 октомври.
Според изборниот закон усвоен во 2014 година, партиите на своите листи треба да понудат еднаков број кандидати и кандидатки.
Освен тоа, секој шести кандидат мора да биде помлад од 35 години, а во секоја изборна единица во првите десет кандидати мора да биде едно лице со инвалидитет.
За да власта може да биде формирана, потребна е доверба од 109 пратеници.
Претседателот на земјата го задолжува лидерот на партијата што има мнозинство во Парламентот да формира влада. Доколку владата не биде формирана во рок од два месеца, претседателот има право да избере лице кое ќе го задолжи да го формира Кабинетот.