Ayşe Doğru
06 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
КАНЗАС СИТИ (AA) - Четири лица смртно настрадаа, а 5 лица се повредени во вооружениот напад извршен во едно кафуле во американската сојузна држава Канзас, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на KSHB-TV, извршен е вооружен напад во ноќните часови во едно кафуле во Канзас Сити.
Полицијата соопшти дека неидентификувано лице или лица влегле во кафулето и отвориле оган.
Се вели дека девет лица биле погодени со оружје, од кои четворица починале, а пет лица биле повредени и пренесени во болница.
Полицијата нагласи дека се води истрага за случајот, и дека ќе ја информираат јавноста во врска со настанот.