Abdullah Aşıran
11 Декември 2018•Ажурирај: 12 Декември 2018
РОТЕРДАМ (AA) - Во Холандија по „жолтите елеци" на улиците излегуваат и „црвените елеци", јавува Anadolu Agency (AA).
„Црвените елеци" преку социјалните мрежи порачаа дека протестот ќе биде одржан во недела во градот Утрехт, напоменувајќи дека станува збор за антивладин протест.
Во соопштението се додава дека групи блиски до екстремните десничари во таа земја организирале протести по примерот на протестот на „жолтите елеци" во Франција, поради што одлучиле да одржат и протести на „црвените елеци".
Се наведува и дека е потребно да заврши, како што рекоа, лошето владеење кое со години го предводи премиерот Марк Руте, повикувајќи на градење на Холандија со силна социјална политика.
Инаку, во Холандија веќе втора недела на повик на групи на екстремната десница се одржуваат протести против владините политики кои се однесуваат на Договорот на миграции на Обединетите нации, условите за одење во пензија, трошоците за лекување и образование.