Bilgin S. Şaşmaz
11 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
ЧИКАГО (АА) - Во американскиот град Чикаго се одржува Саемот „World of Wheels“ на кој се изложени повеќе од 500 возила, јавува Anadolu Agency (AA).
На Саемот, кој се одржува во центарот Доналд Е. Стефенс, изложени се повеќе од 500 модифицирани мотоцикли, автомобили, камионетки, камиони, автобуси и други возила.

На овогодишното 56. издание на Саемот, претставени се и резервни делови, но и производи за заштита и чистење на возилата.
Многу возила, меѓу кои се наоѓаат и олдтајмери, со својот изглед, но и со цените, привлекоа големо внимание кај посетителите.

Се очекува дека овој саем, кој се одржува од 9 до 11 март, ќе го посетат околу 100.000 лица.