Hacer Başer
11 Март 2018•Ажурирај: 12 Март 2018
ТРИПОЛИ (АА) - Припадниците на Морнарицата на либиската Влада на национално единство, спасија од давење 237 мигранти во водите недалеку од западниот град Ез Зави, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Либиската морнарица е наведено дека од давење се спасени 237 мигранти, меѓу кои 44 жени и 7 деца, кои се наоѓале на два чамци.
Нагласено е, исто така, дека по спасувањето, на мигрантите им е пружена помош, и дека се работи за илегални мигранти, кои се државјани на земјите од африканскиот континент, освен две лица од Бангладеш.
Северниот либиски брег е главна маршрута на илегалните мигранти на пат кон Италија. Тој стана главна маршрута во 2011 година, кога во Либија дојде до длабока политичка и безбедносна криза од која земјата сè уште не закрепнала.