Zehra Ulucak
20 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
ТОКИО (АА) - Прелиминарните податоци на Министерството за внатрешни рабтои на Јапонија покажуваат дека лицата од 75 години, па нагоре сочинуваат 14 отсто од вкупниот број жители во таа земја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Новинската агенција „Кјодо“ јавува дека во земјата живеат 17,7 милиони лица од 75 години, и нагоре, оставајќи ја зад себе групата луѓе на возраст од 65-74 години, која брои 17,64 милиони лица.
Податоците покажуваат дека повеќе од половина од старите луѓе во земјата имаат 75 години или се постари, и нивната бројка изнесува 126.52 милиони луѓе, односно 14 отсто од вкупното население во Јапонија.
Во Јапонија живеат 6,93 милиони машки лица од 75 години, и постари, и 10,77 милиони жени.
Бројките покажуваат дека во земјата живеат и 5,59 милиони лица од 85 и повеќе години.