Muhammet Nusret Altun
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
АНКАРА
Единаесет лица починаа минатата недела во Јапонија поради екстремно високите температури, а 5.664 лица се пријавиле во болниците поради сончаница, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јапонската новинска агенција „Кјодо“ во информацијата базирана на Агенцијата за управување со пожари и катастрофи соопшти дека поради високите температури што ја зафатија целата земја, минатата недела починале 11 лица.
Во веста се истакнува дека веднаш по крајот на сезоната на дождови времето се затоплило и како резултат на тие екстремни температури 5.664 лица се пријавиле во болниците со поплака за сончаница, а од нив хоспитализирани се 119 лица и во болницата ќе треба да останат најмалку 3 недели.
Властите ги предупредија граѓаните да преземат мерки на претпазливост поради високите температури, што се очекува да продолжат и во наредните недели. Исто така упатени се совети до граѓаните да консумираат повеќе вода за да се спречи загубата на течности.