Fuat Kabakcı
30 Јули 2019•Ажурирај: 31 Јули 2019
ПЕКИНГ
Во Хонгконг, специјалниот административен регион на Народна Република Кина, се случи сообраќајка во која учествуваа два патнички автобуси. Во несреќата се повредени 77 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ („South China Morning Post“), два двокатни автобуси се судриле на излезот од тунелот Таи Лам, кој се наоѓа недалеку од Цуен Ван, во подрачјето на Хонгконг.
Во несреќата се повредени 77 лица, а еден од возачите на автобусите останал заглавен во возилото. На местото на несреќата се испратени 26 амбулантни возила, 15 противпожарни екипи, а повредените се префрлени во најблиските болници.
Полицијата започна истрага за откривање на причините што ја предизвикале несреќата.