Barış Kılıç,Ertuğrul Subaşı
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Уапсени се околу 200 невооружени војници и полицајци кои излегоа од комплексот на Генералштабот на Вооружените сили на Турција и се предадоа на полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Апсењата се извршени по операцијата извршена од страна на специјалните полициски сили против обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО.
Уапсените војници беа изнесени од комплексот од страна на специјалните полициски сили и со автобусите за јавен превоз беа префрлени во Центрите за притвор.