Oktaj Omeragikj
12 Јуни 2025•Ажурирај: 13 Јуни 2025
ЊУЈОРК (АА) - Протестите што се организираат во знак на поддршка на нерегуларните имигранти приведени од Службата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) продолжуваат во Њујорк, известува Анадолу.
За време на демонстрациите повремено доаѓаше до судири меѓу полицијата и демонстрантите.
Полицијата приведе дел од демонстрантите.

Протестите избувнаа уште во петокот откако агенти на ИЦЕ извршија рации во локални бизниси и приведоа стотици лица за кои се сомневаат дека живеат нелегално во САД.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп продолжува со овие рации и покрај жестокото противење од локалната заедница.
Критичарите на овие акции велат дека ИЦЕ има на нишан луѓе што иако се без документи, живеат мирен живот и се важен дел од заедницата и локалната економија, наместо криминалци, за кои Трамп вети дека ќе ги депортира за време на кампањата минатата година, пред повторно да се врати во Белата куќа.