Ekipa
26 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Военото крило на палестинскиот отпор Хамас, бригадата Изедин ал Касам, ги алармираше сите војници на целосна воена готовност, пренесува Anadolu Agency (AA).
Раководството на Бригадата соопшти дека сите нејзини припадници се повикани на готовност, по сè почестите брутални израелски напади во Газа.
„Непријателот мора да знае дека ќе плати за злосторствата што секојдневно ги прави врз нашиот народ и борците“, се наведува во соопштението.
И палестинското воено крило Ислами Џихад претходно порача дека израелските напади на Газа нема да останат без одговор.
Министерството за здравство во Газа соопшти дека најмалку три лица се убиени во синоќешните артилериски напади кои израелските сили ги извршија во источниот дел на блокираната палестинска енклава.
Од Службата за односи со јавност на израелската војска е соопштено дека нападот бил одговор на наводниот снајперски напад од Газа во кој е ранет израелски војник на границата.
Во тоа соопштение се наведува дека мети на нападот биле упориштата на военото крило на Хамас и тоа вкупно седум.