Sayed Khodaberdi Sadat
26 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку четири лица се убиени во самоубиствен бомбашки напад кој рано утринава се случи во главниот авганистански град Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Дирекцијата за безбедност во Кабул, Хашмат Станикзај, за АА изјави дека бомбашот самоубиец го активирал експлозивот, кој бил на него, во непосредна близина на конвојот со припадници на разузнавачката служба на Авганистан.
„Најмалку четворица разузнавачи загинаа, а уште шестмина се ранети“, изјави Станикзај.
Одговорноста за нападот кој се случи во местото Кампани ја презеде милитантната талибанска организација, од каде што тврдат дека нападот е извршен со автомобил бомба и дека се убиени десетина разузнавачи.