Muhammet Kurşun
06 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за надворешни работи на Иран, Џевад Зариф, истакна дека земјите членки на Европската Унија (ЕУ) не се во позиција да излезат од нуклеарниот договор, и дека немаат такво право, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шефот на иранската дипломатија даде изјава за Новинската агенција на иранскиот Парламент (ICANA), во која говореше за нуклеарниот договор.
Зариф тврди дека Европејците се воздржуваат во исполнувањето на обврските од нуклеарниот договор, и дека овие земји на различни начини го покажуваат отворениот став на САД.
„Земјите членки на ЕУ не се во позиција да излезат од нуклеарниот договор. Од законски аспект немаат такво право. Иран постапи според нуклеарниот договор и тоа ќе продолжи, но земјите членки на ЕУ не можат да излезат од тоа“, рече иранскиот министер за надворешни работи.