Sinan Uslu
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
АНКАРА (AA) – Единиците на Вооружените сили на Република Турција, кои во операцијата „Маслинова гранка" делуваат од истокот, се состанаа на северот на Африн со единиците кои делуваат од запад, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува операцијата „Маслинова гранка", која турската војска ја започна на 20. јануари со цел елиминирање на терористичките елементи во Африн.
Информацијата за средба на едниците на северот на Африн е потврдена и од Генералштабот на Војската на Турција.