Burak Karacaoğlu,Adham Kako
14 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ИДЛИБ (AA) - Вооружените сили на Република Турција (ТСК) продолжија со воен транспорт кон зоната на деескалација во Идлиб, со цел формирање набљудувачки точки во овој регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Уште еден конвој со возила на турските сили синоќа од местото Рејханли во турскиот Хатај ја премина границата и влезе во зоната на деескалација, во близина на подрачјето коешто му припаѓа на Алепо.
Воениот транспорт на ТСК започна пред два дена и се очекува дека ќе биде продолжен во временски итнервали.
Во првата етапа, турските сили се распоредени на подрачјето помеѓу Идлиб и градчето Африн, кој е под контрола на терористичката организација ПКК/ПЈД, а кој се наоѓа на граница со Турција.
Се очекува Вооружените сили на Турција, со распоредеување на единиците од северот кон југот на Идлиб, во наредниот период постепено да формираат набљудувачки точки во преку 10 региони.
Единиците на ТСК, кои делуваат во рамките на Контролните сили за намалување на тензиите, ќе бидат распоредени во склад со договорот кој е постигнат претходно оваа година, во Астана, главниот град на Казахстан.
Контролните сили за намалување на тензиите ги сочинуваат единиците на Турција, Русија и Иран, односно земјите гаранти на прекинот на судирите во Идлиб.
Турските единици ќе формираат набљудувачки точки во внатрешноса на Идлиб, а руските сили во периферните делови.
Распоредувањето на турските сили на подрачјето на Идлиб се спроведува во координација со единиците на Слободната сириска војска (ФСА).