Vesna Besiç
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
МЕКСИКО (АА) - Восочните фигури на американскиот и мексиканскиот претседател Доналд Трамп и Енрике Пења Нијето во Мексико привлекуваат внимание на голем број на домашни и странски туристи, јавува Anadolu Agency (AA).
Восочните фигури се изложени во музеј во Мексико, а голем број на граѓани се фотографираат со двајцата претседатели. Има многу и од оние кои се одлучија само за фотографија со американскиот претседател.
САД и неговиот јужен сосед Мексико ја делат границата долга околу три илјади километри, а на делот од 1.100 километри се наоѓааат распрчен ѕид, ограда и жица.
Вредноста на оваа „ мексиканско-американска бариера” се проценува на 2,4 милијарди долари, а со помош на сензори и камери се надгледува американската Управа за контрола на границите. Бариерата започнува со сојузната американската држава Калифорнија, и низ државите Њу Мексико, Аризона и Тексас и се простира кон исток.
Американскиот претседател Доналд Трамп по стапување на функција го презеде првиот чекор за да го спроведе проектот на подигнување на ѕидот на границата со Мексико, што беше едно од најзначајните ветувања за време на изборната кампања.
Трамп во делот надвор од мексиканско американската бариера, кој е долг околу 1.900 километри, поточно на 1.600 километри, планира да подигне ѕид.