Dildar Baykan
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
ВАШИНГТОН - Изборниот тим на Доналд Трамп го загуби судскиот процес што го започна во сојузната американска држава Пенсилванија во врска со претседателските избори во САД, тврдејќи дека „незаконски“ не им било дозволено да влезат во центрите за броење на гласовите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Врховниот суд во Пенсилванија синоќа расправаше за тужбата на тимот на Трамп за „незаконскиот“ акт со кој не им било дозволено присуство на републиканските набљудувачи во центрите за броење гласови во Филаделфија.
Судот со 5 гласа „за“ и 2 „против“ пресуди дека не постои точно правило за тоа каде треба да стојат набљудувачите во Филаделфија и дека тие правила се дискреција на самите региони.
Со оваа одлука, тимот на изборната кампања на Трамп го загуби овој судски процес, кој за него беше од големо значење.
Според неофицијалните резултати, Џо Бајден, кандидатот на демократите, победи на 59. претседателски избори во САД одржани на 3 ноември. Актуелниот претседател на САД и кандидат на Републиканците, Трамп, тврди дека на изборите е извршена измама и дека тој е вистинскиот победник.