Ekipa
13 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку осум лица загинаа, а пет се ранети во бомбашки напад што денес се случи пред хотел во центарот на сомалискиот главен град Могадишу, јавува Anadolu Agency (AA).
Само неколку часа по самоубиствениот бомбашки напад, во кој во близина на воената база на источниот дел од Могадишу загинаа две лица, одекна и втора експлозија во центарот на тој сомалиски град.
Автомобилот-бомба експлодираше пред хотел во кој во центарот на Могадишу, во кој престојуваат сомалиски официјални претставници и странски туристи.
Сомалиската полиција презеде засилени безбедносни мерки во квартот во кој се случи нападот, а очевидците јавуваат дека експлозијата предизвикала материјална штета на објектите и на возилата.
Досега никој не презеде одговорност за двата утрински бомбашки напади во Могадишу, а слични напади на владините комплекси во Сомалија извршува терористичката група Ал Шабаб уште од 2004 година.