Elvir Hocic
24 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ЏАКАРТА (АА) - Вулканот Агунг на индонезискиот остров Бали претставува сѐ поголем ризик, поради што надлежните агенции прогласија највисоко ниво на предупредување во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Веќе осми ден мерењата покажуваат сѐ поинтензивни сеизмички активности на вулканот Агунг, а властите на таа област евакуираа најмалку 11.000 жители од населбите во радиус од околу десетина километри околу вулканот.
Експертите предупредуваат дека во секој момент вулканот би можел да еруптира, а со превентивната евакуација се сака да се спречи трагедија како онаа во 1963 година, кога загинаа најмалку 1.100 лица.