Selçuk Acar
24 Септември 2017•Ажурирај: 24 Септември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Федералните и градските власти на Њујорк испратија хуманитарна помош за Порто Рико, регион што неодамна беше погоден од два големи урагана, јавува Anadolu Agency (AA).
Економската криза, потоа ураганите Ирма и Марија еден по друг ураган предизвикаа природна катастрофа од најголеми размери во изминатите осум децении.
Aвтономната американска покраина Порто Рико е дом на околу три и пол милиони жители, на кои им е потребна секаков вид на помош, иако името на на тој остров на шпански јазик значи „Богат залив“.
Досега е потврдено дека во катастрофата загинале најмалку десет лица, а електричните, телефонските и водоводните мрежи се уништени.
Властите на Њујорк рано утринава испратија хуманитарна помош во вид на пивка вода, храна и генератори, а на чело на делегацијата беше гувернерот на Њујорк, Андре Куомо.