Vesna Besiç
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
БЕРЛИН (АА) - Србија е клучна земја на регионот со која Германија соработува тесно, порача германската канцеларка Ангела Меркел и истакна дека со новата средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сака да придонесе во пронаоѓање на решението на Балканот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ изјави дека Германија за Србија е најважен парнер, а дека Србија ќе даде се од себе да се избегнат било какви судири на Балканот.
Тој нагласи дека Србија е посветена на мирот и стабилноста и дека било каков судир на Балканот ги вратил нивните земји и народи 100 години уназад.
„Ќе дадеме се од себе тензиите и било какви дестабилизации да се избегнат по секоја цена“, порача Вучиќ и истакна дека за него е важно да ги слушнат ставовите на Меркел.
„Европскиот пат е од витално значење за нас и ќе мораме да направиме бројни тешки и болни одлуки ако сакаме членство во ЕУ. Дали тоа ќе биде во 2025 година или во некое друго време, тоа зависи најмногу од нас и од спроведувањето на реформите, но и од други работи во регионот“.
Претседателот на Србија изрази голема благодарност до Меркел на заинтересираноста и лично огромното внимание кое го подарува на Србија и регионот, со проценката дека Германија е најважен партнер за Србија.
Во заедничкото обраќање на медиумите со германската канцеларка, Вучиќ изјави дека доколку не дошло до тоа би имале многу повеќе кризи отколку во претходниот период.
Меркел истакна дека планот во првата половина од оваа година е да се води интензивен дијалогот со Србија и земјите од регионот, бидејќи прашањето за Западен Балкан е високо на агендата на бугарското претседавање со ЕУ.
Таа потсети дека претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, за време на неговата неодамнешна посета на регионот, зборувал за важноста на развојот на Западниот Балкан.
Таа најави дека состаноците со претставниците на земјите од Западен Балкан ќе продолжат во мај во Софија и во јули во "Берлински формат" во Лондон.
Канцеларката истакна дека главните теми за дискусија со Вучиќ биле соработката меѓу Германија и Србија, но и развојот на регионот.
Таа додаде дека тоа секогаш се поврзува со разговорите за текот на реформите што Србија храбро ги спроведува и дека тоа е комплимент за претседателите на Владата и министрите.
„Се радувам на денешниот состанок. Со оваа средба сакаме да придонесеме за пронаоѓање на решение, без оглед на тоа што некогаш може да биде тешко“, изјави Меркел и изрази задоволство што Вуќиќ е повторно во Берлин.
„Во билатералните односи направивме големи чекори напред“, рече Вучиќ, додавајќи дека минатогодишната трговска размена меѓу двете земји достигнала четири милијарди и 343 милиони евра, што е зголемување за 12,6 отсто во првите два месеци од оваа година.
Според него, може да се очекува дека до крајот на 2018 година ќе достигне цели пет милијарди евра.
„Германија за Србија е најважен партнер и најзначајна земја во ЕУ“,истакна Вучиќ.
По обраќањето на медиумите, следуваше работен ручек на Ангела Меркел и Александар Вучиќ.
Вучиќ, со воени почест, на аеродромот во Берлин беше дочекан од почесниот шпалир на германската војска и луѓе од протоколот на германската канцеларка. Ова беше 12. средба на Вучиќ и Меркел до сега, а втора за месец и половина.